За нас

Добредојдовте на официјалната веб-страна на ''Божиноски-Недвижности''


Немојте да се изненадите ако се слушне дека "Божиноски" го меша бизнисот со задоволство.

Благодарение на избраните својства, внимателно изработените понуди, атрактивните локации, стремежот да се максимизира правната заштита и тим од врвни професионалци, можеме да се пофалиме со секогаш задоволни клиенти.

Тоа е она што ние Ви го нудиме - професионално и загарантиранo.

Некои работи едноставно немаат цена. Сепак, тие можат да се заработат. Еден од начините да заработите е Вашата доверба да ја дадете на професионален тим, а воедно да се чувствувате како супериорен клиент во морето полно со клиенти, и при тоа и да бидете задоволни и сигурни во изборот што сте го направиле.

Ние го направивме нашиот избор одамна, да се посветиме безусловно на нашата работа, да поставиме нови критериуми за стручност и професионалност, без колебање да ги прифатиме и разбереме Вашите потреби, да работиме на Вашата удобност и безбедност....истрајно, професионално, доверливо...

Ние сме брокери, соработници и водичи на сите договорни страни подеднакво. За нас, клиентот е повеќе од само едно име во тетратка.

Што поставува за цел "Божиноски" за разлика од останатите:

  • супериорен личен контакт,

  • разбирање на индивидуалните потреби,

  • ориентираност кон клиентот, приоритет кога некој има желби, планови и соништа.


Визија

Да се постигнат највисоките можни стандарди во дејноста - посредување со недвижности, преку кои нашата агенција ке стане синоним за доверба и сигурност при избор на недвижности, како и преферирана агенција за недвижности на територијата на дејствување.


Мисија

''Божиноски-Недвижности'' е формирана со цел да обезбеди највисок квалитет на услуга во дејствувањето при посредување со недвижности.

Нашата услуга ќе биде доставена до секој клиент со најголема професионалност, интегритет, навременост, доверливост, кредибилитет, чесност и почитување. Овие вредности не ги пренесуваме само на нашите клиенти, туку истите се очекуваат како стандард во начинот на работењето и комуникација на нашите брокери за недвижности, вработени, менаџментот и сите други соработници и засегнати страни.

Со оваа визија и вредности ќе се постави висок стандард за професионалност во посредувањето со недвижности. Нашиот успех се потпира врз напорите на нашите вработени и менаџментот, постојано да се работи кон подобрување на ефикасноста на нашата мисија.

Тимот на ''Божиноски'' работи за нашите клиенти, пред, за време и откако ќе ги исполни нивните потреби и барања за недвижен имот. Посветеноста на нашиот тим за постојана обука во областа на дејствување, го зголемува нашето познавање на пазарот со недвижности и ги подобрува техниките и начините за подобро да се услужат уникатните потреби на нашите клиенти, сега и во иднина.

Ние веруваме во тимска работа, иновативност во работењето, професионализам.... Ние настојуваме да се зачува и да се зајакне нашата репутација за интегритет преку сите наши акции.


Вредности

Интегритет и почит - Нашите основни стандарди на однесување

Соработка и доверба - Култура на соработка, доверба и размена на информации

Довербата едни во други, помага за реализација на повеќето креативни и иновативни услуги за нашите клиенти

Обука и развој - Континуирано усовршување на тимот со цел подобра услуга на нашите клиенти

Професионализам во секој сегмент од нашето работење и дејствување, кон секој и секогаш.

Навременост и точност – во доставување адекватни, внимателно избрани понуди за нашите клиенти во согласност со нивните потреби

Кредибилитет кој го градиме преку стручност, компетентност на тимот и високо поставени стандарди на работење

Искреност и чесност во нашите најдобри намери да се постигне целта „Секој клиент да е среќен и задоволен од својот избор“

Ние, сакаме да бидете среќни кога ќе влезете во вашите живеалишта. Сепак, ние исто така сме и малку тажни кога на крајот мора да се разделиме. А тоа само ќе потврди колку добра работа ние всушност сме завршиле. Но Вашата препорака за нас, со Вашите најблиски пријатели, ќе значи дека задоволството продолжува.